Премиера на 'Streif - One Hell of a Ride'

Наслов

Пеколното скијање од Штрајф доаѓа на белото платно во Скопје

Во склоп на неколку други презентации поврзани со скијањето кај нас, на 1 март во киното Фросина ќе биде проектиран и филмот „Штрајф - Едно пеколно возење” кој ја разработува приказната за една од најстрашните спуст патеки во светот. Настанот е во организација на SkiMacedonia. 

Цели 75 години традиционалната трка Ханенкам во Кицбил, Австрија, произведува незаборавни триумфи и трагедии со големи емотивни болки, наследство кое е полно со митови и легенди. Никаде на друго место скијањето не се прославува толку интензивно. "Штрајф – едно пеколно возење" сликовито го споделува овој значаен повод, заедно со самите подготовски. Ова е документарен филм за ултимативниот ски натпревар!

Филмот ги следи протагонистите во текот на дванаесет емотивно набиени месеци во кој сè се врти околу врховната дисциплина на ски трките, спустот, во неговиот најозлогласен и најславен облик. Страста и неизвесност се интензивираат, а резултатот - дали победа, пораз или несреќа - е неизвесен до самиот крај. Интензивната активност е прекината само со речиси неподносливата минута молчење пред секој од тркачите да се впушти во својата трка.


Сигурно ќе ве интересира - КАКО „ШТРАЈФ" ГИ МЕЛЕ СКИЈАЧИТЕ


Бајковитиот тиролски град Кицбил врие од енергија откако трката во 2013 година завршува со весела забава. И тоа со добра причина: никаде на друго место елитните скијачи не се толку среќни што се вратиле од трката во еден дел. За нив падината за спуст Шрајф на планината Ханенкам е врвен предизвик кој може да се завладее само со совршена техника и извонредна храброст.

STREIF е добитник на ROMY наградата за најдобар докуемнтарен филм во 2015-та година. За време на премиерите низ Европа, филмот распродаде безброј проекции, а оваа година започнуваат и премиерите низ Америка. Затоа не ја пропуштајте оваа несекојдневна прилика да ја погледнете премиерата на овој возбудлив документарен филм во Скопје!

Филмот ќе биде проектиран на 1 март оваа година во киното Фросина, а за повеќе информации за целосната програма и ограничениот број на карти кои веќе се пуштени во оптег прочитајте ТУКА

23 Февруари 2016

За авторот