Наслов

Колку органско е органското што го пазарите?

Отсега може да си имате мала лабораторија со 3 инчно џекче и да детектирате секаква измама со етикетата „100% органско“.

 
Personal Environment Monitor by Lapka™ е направа која доаѓа со соодветен софтвер за вашиот iPhone. Како што вели самата компанија, ова е најубавата технологија до сега. Сензорите на направата можат да измерат, да соберат податоци и да анализираат се што е во вашата околина од собата на вашето пиколинче па до составот на авионската храна.

А сето тоа многу едноставно. Само ја приклучувате сондата на телефонот и нејзиниот метален дел го ставате во храната, пијалокот. Истиот е сензитивен и на најмали концентрации нитрати, состојки кои се наоѓаат во неорганските фертилизери. Така можете на лице место да имате увид во она што го јадете. 

Освен за нитрати, Lapka направиле и сензори за радијација, елекро-магнетни полиња, температура и влажност. Ова е дефинитивно најдобрата направа за сите фанатици за здрава и органска храна, но и за сите љубопитни кои сакаат да дознаваат повеќе за невидливото во својата околина.

01 Ноември 2013

За авторот