Наслов

Олимпискиот маратон во Париз отворен за аматери

Олимпските игри во Париз 2024 година ќе бидат првите игри во историјата кои ги отвориле олимписките борилишта за аматери.

 

Организаторите, водени од идејата да направат уникатни игри вредни за паметење, во буквална смисла ќе го спроведат мотото на баронот Пјер де Кубертен (таткото на модерниот олимпизам) - Не е важно да се победи, важно е да се учествува. За таа цел тие решија, ни повеќе- ни помалку, да го отворат за сите олимпискиот маратон со кој ќе традиционално завршуваат сите олимпијади.

Барем засега, на маратонот ќе може да земе учество секој оној кој сака да ја почуствува атмосферата на игрите и маратонот. Аматерите сепак нема да бидат дел од официјалниот пласман на маратонот и ќе стартуваат во различно време (нешто што е пракса на сите поголеми маратони) од она на квалификуваните олимпијци. Но како и да е ќе ја имаат единствената можност да трчаат на истата патека и со исти услови за трчање како и елитните тркачи.

Претседателот на Организацискиот Комитет Тони Естанкует вели дека се прават напори, во соработка со ИОК и националните олимписки комитети, ваква можност да има и за други спортови во кои има услови за тоа, а се со цел приближување на игрите до „обичните” луѓе.

Идејата за оживување на античкиот олимпизам на Кубертен се засновала на неколку негови идеали околу спортот. Тој верувал дека олмпизмот во минатото бил борба помеѓу аматерите - „обичните” луѓе, наместо помеѓу професионални спортисти. Истотака, таканареченото „свето примирје” од античките Игри  кое налагало забрана за било какво насилство и војна во време на Олимписките Игри сметал дека има можност да игра голема улога во промовирање на мир и поддршка помеѓу олимписките нации во модерното доба. 

За него спортската борба и компетитивност во себе носела подлабока филозофија која тој ја има преточено во еден цитат: 

„Најважното нешто во животот не е триумфот туку борбата, есенцијата не лежи во победата, туку во начинот на кој си се борел.”

Читајте за спортскот качување и брејкденсот на ЛОИ Париз 2024 - тука.

26 Февруари 2019

За авторот