Олимписка обука за млади спортски лидери

Македонскиот олимписки комитет ги поканува македонските спортисти да ја искористат можноста да студират и да научат нешто ново со помош на Олимпиското движење преку новата Олимписка програма наречена “The IOC Athlete MOOC”.

 

Оваа Олимписка програма е нов иновативен начин со помош на кој врвните спортисти од Република Македонија ќе можат да студираат додека тренират и се натпреваруват. Секој спортист може да добие бесплатен пристап кон оваа Олимписка програма каде и да се наоѓа во светот.

Сите курсеви се бесплатни.

Овие курсеви за идните спортски лидери ги водат водечките светски експерти за спортски менаџмент и спортска администрација меѓу кои секако најголемо име е проф. д-р Тјери Зинк, кој веќе три пати, во изминатите три години, беше гостин на Македонскиот олимписки комитет, а истиот со големо задоволство прифати и да биде значаен дел од “Олимписката обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација во Република Македонија”.

Меѓународниот и Македонскиот олимписки комитет со големо задоволство го споделуваат овој проект со нашите врвни спортисти преку линкот.

 

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија