Гужва на старт – ЕХО 2015

Во одличен амбиент, дружба, гужва и проекција на неколку странски и едно домашно филмче во киното Милениум, вчера на 2 ноември започна шестото издание на ЕХО фестивалот на планински филм. 

Со проекција на филмот „Цитадела” беше најавено шестото отварање на фестивалот ЕХО кој секој месец ноември е целосно отворен за луѓето кои љубат на било каков начин да спортуваат во природа, но и за оние кои бараат место за инспирација и мотивација преку добро парче филм. 

Во 20 часот беше направено свечено отварање на овогодинашното ЕХО а веднаш потоа беше направена проекција на краткиот документарен филм „Слобода на две тркала” кои го опишува велосипедскиот туринг преку Македонската Тур де Франс Експедиција. 

Преполната сала и задоволните лица на присутните говореа дека ЕХО фестивалот оди во правилна насока со поддршка на локалните и домашни филмови од овој калибар кои добиваат одлична платформа за нивна промоција на белото платно. 

По „Слобода на две тркала” следеа Метаноја која го разработува живото и делото на еден од највлијателните алпинисти во светот, Џек Лоу па филмот на Дарси Турен, Малите Нешта. 

Од денеска, 3 ноевмри, ЕХО се сели во МКЦ односно во киното Фросина и Џебното кино, па ова сметајте го и како една покана за сите вие кои се двоумите дали да дојдете. 

Целосната програма на фестивалот можете да ја најдете ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија