Нов светски рекорд во полумаратон

Викендов во Валенсија атлетичарот Абрахам Киптум успеа да истрча нов светски рекорд во полумаратон.

Одличната стаза и перфектните услови овој викенд во Валенсија го угостија новиот светски рекорд во полумаратон. Кениецот Абрахам Киптум ја истрача трката на неговиот живот и со време од 58:18 успеа да го постави новиот светски рекорд во оваа дисциплина.

Тој успеа за 5 секунди да биде побрз од атлетичарот Зерсенај Тадесе од Еритреа и со тоа да ги подобри неговите 58:23 истрчани во Лисабон 2010 година.  29-годишниот атлетичар успеа да биде прв на патеката пред Џемал Јимер и Абади Хади кои завршија зад него.

”Не ми се верува, чуството е фантастично. Знаев дека сум во перфектна форма затоа што поставив свој личен рекорд минатиот месец во Копенхаген, но сакав да трчам во Валенсија бидејќи патеката е една од најбрзите и најрамните во светот, а истотака бев сигурен дека ќе си го подобрам личниот рекорд.” – изјави Абрахам.

”Приметив дека трката се успори некаде на 9-10 километар, па решив да нагазам и да дадам се од себе.”

Во Копенхаген тој истрча 59:09, а како најава за неговата одлична сезона беше и победата на маратонот Даегу со време од 2:06:29. Неговото најдобро време на маратон е постигнато минатата година во Амстердам – 2:05:26, што укажува на врвните квалитети на овој кениски атлетичар.

Сега, полумаратонот во Валенсија е домаќин на двата светски рекорди во машка и женска конкуренција. Женскиот рекорд го држи сонародничката на Абрахам, Џојсилин Јепкосгеи кога лани истрча 1:04:51. Оваа година на трката победи Гелете Бурка со 1:06:11.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија