Ние затоа вака со паднат притисок?

Статистички, одамна е познато дека високиот крвен притисок е повеќе присутен кај популацијата во зимскиот период и особено е поизразен во државите кои се подалеку од екваторот, но постоеа единствено претпоставки за причината зошто е ова вака. Надвор е пролет, смирете се!

Резултатите од нова студија правена во Саутемптон и Единбург сугерираат дека сончевата светлина е фактор кој доведува до мало, но многу значајно намалување на крвниот притисок.

Се верува дека ултравиолетовата светлина помага во зголемената апсорпција на азотниот оксид од кожата, каде што се наоѓа во големи количини, во крвта. Азотниот оксид е супстанца која што предизвикува релаксирање и ширење (дилатирање) на крвните садови што за возврат има ефект на скромно, но важно намалување на крвниот притисок. 

Студијата беше правена во лабораторија на здрави индивидуи кои беа експонирани на УВ зраци (мимика на сонце), а во вториот обид тие беа експонирани само на светлина без УВ озрачување. 

Оние кои примиле мала доза на УВ зраци на нивната кожа имале мал пад во крвниот притисок за разлика од другата група, а авторите велат дека и покрај минималниот пад на притисокот, тоа може да доведе до големо намалување во здравствените ризици. Пример, пад на дијастолниот притисок за 10 mm/Hg има потенцијал да го  намали ризикот за кардиоваскуларни болести и срцев удар на половина. 

Сепак, експертите се` уште не знаат дали континуираната експозиција на сончева светлина може да има долготрајни ефекти врз намалувањето на притисокот и предупредуваат за штетните ефекти од сончевите зраци врз кожата.

Сепак, сметаме дека нема ништо лошо во една пријатна тренинг сеанса на отворено која дадатно ќе стимулира производство на витамин Д во вашето тело. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија