Ние на Западно-македонската трансверзала

Дел од нашиот тим (оваа компонента поточно) денеска заедно со уште 17-тина македонски планинари тргнува на една од најтешките трансверзали на Балканот, Западно-македонската која ги поврзува Љуботен и Охрид преку повеќе планински масиви во западна Македонија.

Реактивирањето на оваа позната балканска трансверзала е од огромно значење за македонското планинарство затоа што беше неактивна (неизведена во целост) веќе 20 години, од 1993/94 година.

Таа е долга приближно 200 километри кои се израчунати да се поминат во околу 7-8 дена тргнувајќи од Љуботен преку пет (од вкупно 8) контролни точки на Шар Планина која одзема најголем дел од времето, а воедно карактеристично е тоа што екипата ќе биде на константни 2000+ м.н.в. 

Откако се стигнува до Рудока и Враца, трансверзалата минува преку полето Шутман и Луково поле за Маврово, Меденица, па Галичник, Тресонче, Лазарополе, Гари и преку Стогово за Караорман, за да заврши во селото Ботун, охридско. 

За време на целата наредна недела, ние ќе се потрудиме (во зависност од конекцијата) да ви доставуваме мал фото-извештај од деновите кои се минуваат на преубавите западно-македноски планински масиви.

Фотографии од изминатите трансверзали // фото: Мијалчо Божиновски // извор ФПСМ 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија