Непал планира да им го забрани Еверест на неискусните планинари

Во пресрет на новата пролетна сезона, кога најголем број планинари се упатуваат кон покривот на светот, Владата на Непал планира да воведе забрана за недоволно искусните…

Рестрикциите кои Министерството за туризам, на чело со министерот Крипасур Шерпа сака да ги воведе, ќе им ја отежне постапката за вадење дозвола на неискусните планинари и на планинарите со посебни потреби пренесува Гардијан.

Веројатно промените се планираат да настапат на сила пред да започне новата сезона. Бројните несреќи, како и онаа од 2014 кога во лавина 16 Шерпи го загубија животот, доведоа до превземање на повеќе безбедносни мерки, како и поставување на посигурни временски прогнози од страна на Одделот за планински туризам во Непал.

Дозвола би можеле да извадат само планинари кои веќе имаат качено врв над 6.500 метри надморска височина, додека лица под 18, над 75 и со посебни потреби нема да бидат во можност да ја добијат дозволата, бидејќи според изјавата на министерот за туризам тоа би било слично на „легално самоубиство”.

Вакви обиди за рестрикција и поставување на лимити биле предложени и претходно, но со неуспех поради силниот притисок од организациите за човекови права и странските амбасади.

Секоја година околу 600 планинари се упатуваат кон покривот на светот, а пропратните трошоци изнесуваат илјадници долари, што за Непал претставува мултимилионска индустрија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија