Наслов

Неколку македонски подиуми на балкански трки во планинско трчање

Овој викенд во Србија и Бугарија се одржаа две одлични трки во планинско трчање на кои наши претставници успеаја да остварат солидни резултати. 

На трката Соколов Пут која се одржува на Сува Планина близу Ниш, Александар Кирковски од ПК Македон го освои второто место во генерален пласман со време од 3:22:32, а Дејан Тодевски од истиот клуб го освои третото место на подиумот веднаш зад Александар - со време од 3:23:57. Првопласиран беше Душан Базиќ од Србија со време од 3:20:33. 

Ова беше четврто издание на трката Соколов Пут каде истата беше продолжена на 30 километри со 2200 метри висинска разлика. Нашите натпреварувачи финишираа во конкуренција од околу 150 тркачи. 

На планинскиот масив Рила во Бугарија, пак, повеќе тркачи од Македонија учествуваа на трката Адвенчр Скајран во должина од 55 километри со 3600 метри висинска разлика. Александар Стојкоски од Прилеп успеа да заврши на третата позиција со време од 8:07 во одлична конкуренција. Трката беше одржана во тешки временски услови. 

12 Септември 2017

За авторот