Наслов

Нашето знаме на кровот од Африка (*дополнето)

Повеќе македонски планинари овие денови од две различни рути го искачија највисокиот врв во Африка - Ухуру 5.895 м.н.в. на Килиманџаро. 

Илија Белевски на Ухуру

Во две различни експедиции кои го качуваа кровот на Африка од различни патеки, овие денови успеаја да се искачат.

Во едната, Живко Темелковски (лидер и водич на експедицијата), Илија Белевски, Катица Борисовска, Виктор Калаузи, Александар Николовски, Димитар Малиновски, Иван Трпков, Игор Стојковиќ и Искра Лазарова. Тие беа во мешани експедиции заедно со други балкански планинари, а искачувањата го направија по рутата Марангу, а оваа експедиција беше под покровителство на Федерација на планински спортови на Македонија.

Во одделна експедиција која одеше по рутата Мачаме се искачија Тодорче Ѓоргиев (организатор и водич), Стрезовски Горан, Поповски Димитар, Љупчо Ѓоргиев и Бошковска Наташа.

Им честитаме на сите планинари во експдициите и им посакуваме среќен пат кон Македонија.

22 Јануари 2016

За авторот