Бејс скок од „џинот“ на светот

Наслов

Брифинг за најопасниот подвиг од Еверест

Како самото качување на кровот на светот да не е доволно комплицирано и тешко па еден Американец поддржан од Дискавери ќе се обиде да направи скок со костум за летање од него и безбедно да слета некаде долу, ако тоа „долу“ може така да се дефинира. 

Во 2012 година Џоби Огвин, планинар и бејс скокач од Калифорнија скокна од авион над „џинот“ на светот, помина покрај него и слета некаде кај базниот камп. Ова беше само загревање, бидејќи оваа година тој има план да скока токму од Еверест.

Овој мај, 39 годишниот Огвин ќе го качи највисокиот врв на светот, и потоа ќе се обиде да скокне од специјално направена платформа и со неговиот летечки костум да помине одредена и зацртана траекторија со што би слетал некаде во подножјето на врвот. 

Проектот е поддржан од Дискавери, а на него засега работат 300 луѓе што претставува една од најголемите подвизи и на самата телевизија. Во продолжение следат некои детали во врска со најкомплексниот подвиг што ќе биде испробан досега.

Качувањето 

Огвин, кој веќе се има искачено на Еверест три пати ќе биде под водство на Герет Мадисон заедно со уште двајца алпинисти за поддршка. Огвин вели дека во овие денови, кога има огромен број на луѓе кои сакаат да го качат врвот на светот, качувањето ќе биде една од најголемите предизвици во подвигот.

На врвот 

Штом се качи горе, Огвин ќе биде пресоблечен, најверојатно во некаков заштитен шатор, од неговата планинарска опрема во специјално конструираниот костум за летање. Во меѓувреме, неговиот тим ќе ја „испегла“ рампата од каде ќе се направи скокот за да не настант некакви незгоди на почеток од скокот. Огвин ќе користи кислород на качување и симнување (летање).

Локацијата на скокот 

Џоби има на ум една конкретна точка од каде ќе скокне, но тој не ги открива деталите. Се знае само дека тоа ќе биде во непосредна близина на врвот. „Тоа е место кое јас самиот го имам пронајдено завреме на моите претходни качувања.“ - вели тој.

Летнувањето

На јужната страна од врвот не постои комплетно вертикална точка, па Огвин ќе мора да добие некаков моментум како би летнал безбедно. Според Еилиен О`Нил, директор во Дискавери тој ќе полета со помош на speed wing, помала верзија на параглајдер, а штом е во воздухот, тој може да се ослободи за падот.

Летот

Откако ќе летне, Огвин ќе го се ослободи од малиот параглајдер и со неговиот костум  ќе прелета над замрзнатиот водопад Кумбу, за потоа да го отвори неговиот падобран и да слета во Базниот камп, или евентуално на уште едно рандеву место.

Преносот 

Подвигор на Огвин и Дискавери ќе биде целосно сниман со помош на најмалку 12 камерман и ќе биде пренесуван на огромна публика. 

09 Април 2014

За авторот