Наслов

Momata Rock Trail vol.3

Овој викенд на прекрасните падини на Селечка планина спроти Прилеп се одржа третото издание на трката во планинско трчање Момата Рок Треил. 

Момата Рок Треил е трка организирана од прилепското здружение Единак,  а на третото издание кое се проведе овој викенд на 14.05.2017 земаа учество 75 учесници. Стазата води низ прекрасните падини на Селечка планина, познатата карпа во облик на девојка наречена Мома, планинарскиот дом Томе Tемелкоски, врвот Ќуле и одличниот спуст на месноста Дуна Нива, а според техничките карактеристики трката е долга 19 километри во кои се искачуваат и спуштаат 1000 висински метри.

Подиум мажи

На ова издание се постави и новиот рекорд на стазата истрчан од Александар Кирковски со време од 1:51:54 кој заврши прво во генерален пласман, а зад него беа Марјан Бонев 1:57:07 и Александар Стојкоски 2:01:43. Кај дамите прва беше прилепчанката Мери Мирческа 2:33:46, втора Благица Јованова 3:01:49, а трета Елена Џекова 3:04:34. 

Подиум Жени

Сите резултати можете да ги погледнете на следниот линк

15 Мај 2017

За авторот