Марјан Бонев трет на Ртањ вертикал

Македонскиот тркач и член на TREX, Марјан Бонев заврши на третото место на вертикал трката на планината Ртањ која се одвиваше овој викенд во организација на СкајРанинг Србија. 

Ртањ Вертикал Километар беше одржан овој викенд во источниот дел од Србија на планината Ртањ односно на на највисокиот врв на оваа планина Шиљак 1565 м.н.в. 

На трката учествуваа вкупно 93 натпреварувачи, а во конкуренција до 68 мажи нашиот специјалист за кратки и стрмни планински трки заврши трет со време од 58:24. Прв во машка конкуренција беше Словенецот Јошт Лапајне со време од 54:20, а втор беше Кристијан Стошиќ од Србија со време од 56:16. 

Во женска конкуренција прва беше  Ивана Милич од Србија 01:18:00, втора е Анета Арифи 01:21:00 а трета е Ана Обрадовиќ 01:29:00. 

Фотографии – Скајранинг Србија

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија