Наслов

Лавина усмрти двајца сноубордери на Пирин

Денеска на 11.01.2019, некаде попладне се случи лавински инцидент над Банско во кој загинаа двајца млади сноубордери.  

Инцидентот се случил на западните падини на врвот Тодорка на планината Пирин, поточно над планинарскиот дом Бандерица каде снежната маса која била предизвикана од сноубордерите во непосредна близина сопрела. 

Екипите на планинската спасителна служба ги пронашле телата на двајцата млади скијачи на возраст од 20 до 30 години под еден метар снег. Двајцата имале ер-бег систем за спасување при лавина и лавински детектори но истите не помогнале бидејќи загинале поради траума од судир со околните дрва. Имало и двајца очевидци кои не биле повлечени од лавината и први го јавиле случајот. 

Едната жртва е пронајдена со помош на лавински примопредавател, а другата со сонда. Лавинската маса се спуштила околу 600 метри од планината. 

„Не имале никакви шанси да преживеат во толку голема лавина која ја предизвикале при спуштањето” - објаснува Христо Григоров, претседател на бугарскиот Црвен Крст. 

Во спасителната служба се вклучиле 15 доброволци и спасители.

Новите интензивни врнежи на снег овој период во одредени делови од планините екстремно ја зголемуваат опасноста од лавини. 

11 Јануари 2019

За авторот