Наслов

Лавина на Плат, Шар Планина - нема загинати

Според изјавата на планинарски клуб „Предејане” од соседна Србија, вчера на 14.02.2016 година на планинарската акција за искачување на врвот Плат на Шар Планина, дел од 17-члената група била повлечена од лавина. Засреќа, таа не била со големи размери, а брзото дејствување на останатите учесници превенирало сериозни последици врз затрупаните.

Мешаната група составена од 17 планинари од Србија и Македонија во организација на клубот „Предејане” овој викенд го искачувале врвот Плат по стандардната планинарска патека од Попова Шапка кога во делот од последниот успон пред врвот 9-мина биле повлечени од лавина. 

Другите 8 луѓе од групата за среќа останале незафатени од истата и отпочнале брза акција за откопување на другите луѓе. Навремената и сталожена рекација на овие планинари довела до позитивен исход од несреќата со спасување на сите оние кои биле затрупани. 

Големиот број на луѓе во групата (со што се зголемиле и шансите за помош на настраданите), нивната брза реакција како и големината на лавината биле клучни за добриот исход на спасувањето.

Извор на фотографии 

 

15 Февруари 2016

За авторот