Кој со една тој со две

За некој тешко е и со двe а за други лесно е и со една, како што е Ивица Костелиќ на кој сето тоа му претставува рутина.

Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ одново ја темпира својата форма за нови успеси во австриската базата Хинтертух откако заврши 14-ти на велеслаломот во Солден.

Ивица во пресрет на слалом трката во Левињ во еден од своите тренинг сесии тренираше само со една скија што за многумина и не е така лесно да го направат.

“Не тренираме често вака, но понекогаш е занимливо во склоп на тренингот на некоја не толку стрмна падина да потренираме и вака, чисто заради снаодливост и рамнотежа која е важна за скијањето”.  напиша Костелиќ 

Во видеото во продолжение можете да видите како тоа го прави Костелиќ кој очигледно очекува многу од новиот снег оваа година.  ВИДЕО

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија