The Invisible Bicycle Helmet
КАСПЕР Кацига
Ако користите велосипед за да дојдете на работа, да направите тренинг или да се пренесете најбрзо низ градските гужви, и никогаш не ви паднало напамет да ставите кацига зошто изгледате како шампињон, тогаш ова сигурно ќе ви се допадне.
Младите дизајнери Ана Хаупт и Тереза Алстин со својата идеја да направат невидлив заштитен велосипедски шлем ги поместија границите на досегашниот концепт за заштита на велосипедистите. За реализацијата на овој проект досега тие потрошија 7 години и собраа 10 милиони долари за да ги направат сите потребни тестови и дизајнерски решенија. Но да не должиме многу, погледнете го краткото видео во режија на Фредрик Гертен за генијална идеја што ќе го промени светот, барем оној на двете тркала.