Авантура во секој поглед

Наслов

Кампување во природа - неописливо доживување

Природата убаво изгледа, убаво мириса и убаво е да се биде таму. Ако ви требаат дополнителни причини да поминете неколку дена во природа, прочитајте подолу.

Авантура 

Излегување од дома и престојување во средина на која не сте навикнати претставува излегување од вашата зона на комфорот. Убавата природа и предизвиците со кои таа ќе ве натера да се справувате го прават кампувањето e авантура сама по себе. Сето тоа искуство, едноставно, е возбудливо.

Дружење

Ситуацијата во која неколку луѓе седат заедно загледани во своите технолошки направи не се случува за време на кампувањето. За да се помине убаво сите мора да се потпрат едни на други, на темите на кои можат да разговараат, на работите за кои знаат да се шегуваат и на песните кои знаат да ги свират и пеат. Квалитетно поминатото време со другите е последица на самиот престој во природата. Тоа ќе ви дозволи да уживате во оние мали нешта кои ги носи непосредната комуникација.

Изгрејсонца, зајдисонца и ѕвездени ноќи

Изгрејсонцата, зајдисонцата и ѕвездените неба стереотипно се поврзуваат за романтичарите, но дури и да не се пронаоѓате на оваа група, нормално е да ве воодушевуваат. Секое утро, секоја квечерина и секоја ноќ природата приредува спектакл на небото. Штета е да не се ужива во тоа, а кампингот ќе ве одведе многу поблиску до нив.. 

Вештини

Вештините како палење оган или поставување шатор нема да ви требаат во градот и нема да ви дадат самодоверба кога ќе се справувате со тамошните проблеми. Сепак, кампувањето може да ви даде доверба во сопствените квалитети со тоа што сте биле некаде на отворено, сте ги задоволиле сите свои потреби и задоволни сте се вратиле дома. Ќе совладате нови вештини, со нив ќе ја надмудрите природата и предизвиците кои таа ги поставува.

Евтина можност за одмор

На крај, сите овие работи ги добивате за малку пари. Купувањето на опрема за кампување е еднократна инвестиција, а не мора да купите сѐ и сешто и работи кои најверојатно нема да ви требаат. Храна можете да купите од супермаркет и да потрошите исто толку како да сте останале дома. Тешко е да се поверува дека постои поевтин начин на одмор.

Природата е единствена книга која на сите листови нуди многу содржини... 

Овде можете да го најдете прирачникот за сноѓање во природа

26 Март 2015

За авторот