Каква метаморфоза ќе доживее стресот зависи од вашите навики

Заборавете го претходното тврдење дека ако сте под стрес скоро секогаш се „наведнуваме“ кон лошите навики. Имајте здрава дневна рутина и стресот ќе се канализира низ неа исто колку што би се канализирал низ за`рѓаните секојдневни шеми. Наше е да избереме.

Досега стресот константно беше тагиран дека промовира тонус на лошите навики, но новите истражувања покажуваат дека ако во секојдневието на човекот преовладуваат здрави „вентил“ варијанти, стресот како енергија би се канализирал низ нив исто толку колку што би се спровел во јадење на шербет и пушење на цигари.

Според неколкуте различни експерименти беше пронајдено дека под различни типови на стрес кај испитаниците беа поттикнати сите навики подеднакво, а не само лошите.

 

И голем дел од тоа зависи од волјата и мотивацијата. Ако човек има малку желба и слаба мотивациона енергија тогаш поверојатно е дека ќе потпадне на старите лоши навики на многу јадење и малку вежбање, но само ако тие навики биле присутни и во минатото.

Бидејќи стресот ја троши волјата, мозокот не е во состојба да прави разумни одлуки и се префрла на хабитуелно однесување, односно нè тера да правиме она што секојдневно го правиме независно дали таа навика е здрава или лоша.

Доколку имаме здрави навики во дневното мени, како возење точак, џогирање, теретана или што и да е, во таквите ситуации, мозокот би правел автоматки избор на токму овие активности за канализирање на стрес енергијата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија