„Не” за ЕлКафетан

Старбакс сака да гради Старбакс во долината Јосемити. А како поинаку да реагира качувачката заедница која потекнува од хипи и хардкор генерации на качувачи како Фред Беки, Ивон Шуинард, Варен Хардинг и многу други. А па да не правиме муабет што би помислил Џон „од планините” Мјур.

Во само една недела откако се објавува огласот за вработување во идната Старбакс кафетерија која е планирана за изградба во националниот парк Јосемити, 15000 луѓе ја потпишуваат петицијата во знак на незадоволство за овој проект. Петицијата е насочена кон самиот Национален Парк со цел да се блокира изградбата на кафетеријата. 

Во петицијата се наведува дека ваквиот тим на корпорации и компании немаат место во националните паркови поради повеќе, многу нормални и јасни причини. Најосновно, би се нарушила и изгубила целата суштина на природата и паркот, а градењето на вакви објекти може да ја отвори вратата и за други, што би го донел целиот хаос на урбаните места во едно уникатно место на природата.

Досега петицијата ја имаат потпишано скоро 21000 лица, што е 5000 потписи повеќе од потребните 15000 за истата да се поднесе. 

Засега во дел од националниот парк веќе има неколку продавници, една бензинска пумпа и тезги за сувенири и подароци кои нудат сосема доволно за туристите. Сепак, влегувањето на еден голем бренд од типот на Старбакс може да ги „отвори” апетитите на многу други големи корпорации во заштитеното подрачје. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија