Изнајми, испробај па купи

Не дека баш ние во нашава држава ја имаме оваа можност да ти дозволи некој да испробаш скап продукт пред да го купиш, ама ајде, може некогаш во иднината ќе имаме. 

На пазарот постојат мал милион направи и гаџети кои од различни причини му се потребни на човека, ама секој ја нема можноста да си купи по некое за играње и изтражување, па затоа најчесто пред купувањето се пречешлуваат критики, коментари на задоволни или незадоволни клиенти, спецификации итн.

Особено скапи знаат да бидат малите гаџети за следење на спортската активност, како часовниците кои имаат огромен број на функции, но и фотоапаратите со нивните објективи безброј објективи. 

Токму од овој проблем се има формирано компанијата Лумоид која всушност започнува како онлајн место за изнајмување на скапи играчки најпрво од сферата на фотографијата, а сега и нешто повеќе.

Американците веќе некое време го имаат овој сервис кој ви дозволува да си изнајмите инаку многу скапа фотографска опрема за период што ви треба, без разлика дали за користење или испробување, а потоа, доколку одлучите истата можете да ја вратите (со плаќање на одредена цена), или да ја купите по регуларна цена од Лумоид. 

Е, интересниот момент од нашава бранша е тоа што од неодамна Лумоид почна да прави и пакет за испробување на гаџети за следење на вашата фитнес активност како Гармин, Најки+, Фитбит и други.

Бирате 5 продукти, ви стигаат по пошта и ги ПОСЕДУВАТЕ во рок од 7 дена. На крајот, доколку не сакате да купите ниту еден од ни плаќате само 20 долари за тестирање, и нормално ги враќате назад. Ако сакате, всичко си има процедура. 

Нормално за да ви ги пратат произодите на тестинг или на изнајмување морате најпрвин да се логирате со вашата кредитна картичка. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија