Наслов

Илина и Филип на Денали - највисоката точка во Северна Америка

На 24 мај оваа година на еден од најизолираните планински врвови на светот и највисокиот во Северна Америка - Денали 6,144 м.н.в во Алјаска се искачија Македонците - Илина Арсова и Филип Василески Четкар. 

Илина и Филип веќе некое време се одлични партнери во високите искачувања откако заедно беа на Аконкагва, Килиманџаро, Мера и сега на Денали. За Илина ова беше втор обид за искачување на највисокиот врв во Северна Америка висок 6,144 м.н.в., овојпат успешен со пристигнување на врвот на 24 мај околу 3 часот на пладне. 

Топографски Денали се смета за третиот најпроминентен и најизолиран врв на светот после Еверест и Аконкагва, па затоа и пристапот и искачувањето до истиот е доста тежок. Екипата минала 20 дена на глечер во текот на целото искачување. 

Интересна е своевремената историска еволуција на името на врвот и планината која најпрво од домородното население на Атабаски била нарекувана „Денали” / „Динале” што на нивниот Којуконски јазик значело високо, големо. Во време на Русите, врвот се викал Болшаја Гора (Большая Гора) која го носи горе-долу истото значење. Во 1890-тите години врвот за кратко го носи името Денсмур Маунтин, по локалниот истражувач Френк Денсмур а во 1896 таа е преименувана по претседателот Вилијам Меккинли во Меккинли Маунтин. 

Во 1975 година националниот парк одлучува името повторно да се врати на првичната верзија на Денали.

Очекуваме подеталини информации од двајцата откако ќе се вратат во Македонија. 

31 Мај 2016

За авторот