Го знаете ли Mom, I’m fine
На 27 годишна возраст, Џонатан сфаќа дека животот и работата му се тапа џонсон, па типчето решава да даде отказ, да ја продаде колата и да купи билет во еден правец за пат околу светот. Арно ама, Џонатан има типична мајка.
Негова прва дестинација е Куба, па оттаму тој продолжува во Латинска Америка откаде неговата мајка влече потомство. Но, во текот на патувањето тој има проблем со редовното наоѓање на интернет и комуникациите со неговите блиски, па нормално, како и секоја загрижена мајка, и мајката на … досадувала со стандардните фрка муабети.
На Џонатан му текнува идејата да напише Mom, I’m Fine (Мамо, добро сум) на парче картон и да ѝ испраќа фотографии од различните места на неговата мајка. Она што следи е екстремно успешната приказна на Mom, I’m Fine на Инстаграм, за денес тие да бидат вистинска интернет сензација.
„НА КРАЈОТ ОД НИВНИТЕ ЖИВОТИ, 91% ОД ЛУЃЕТО ИЗЈАВИЛЕ ОГРОМНО КАЕЊЕ ЗАТОА ШТО НЕ ЈА СЛЕДЕЛЕ НИВНАТА ПАСИЈА..”
Следете го Mom, I’m Fine на – Инста