Финале на летната серија трки Beach Run 2016 во Охрид

Во недела на 31 јули во Охрид ќе се трча финалната петта трка од летната серија трки на плажа низ Македонија Beach Run 2016. Стартот е закажан во 11 часот на плажата и терените за одбојка на песок познати како Бафало бич.

На последната трка во Охрид, сите оние кои го минуваат својот одмор, викенд или празник во најпознатата македонска туристичка дестинација, а кои го сакаат трчањето, спортот и активниот одмор, имаат можност да се пријават и да бидат дел од последните 5 километри на Beach Run 2016. Пријавувањето е преку веб страницата www.prvdovrv.mk или на местото на стартот еден час пред почетокот на трката.

По истрчани четири трки во Скопје, Претор, Дојран и Маврово претенденти за искачување на финалниот подиум и освојување на пехарите се Марија Стојановска, Весна Кираџиева, Милена Чкрипеска и Марго Бојаџиева кај девојките, и Дарио Ивановски, Игор Јакимовски, Атанас Анчевски и Пепи Анакијев кај машките. Најдобрите во целата серија ќе поделат паричен награден фонд од илјада евра и ќе добијат врвна спортска опрема за трчање од производителот Најки.

Проектот е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка имплементирана од водечкиот партнер „Swisscontact”, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус кои за учесниците и посетителите на настанот обезбедија органско катче со здрави македонски продукти од органско потекло, во насока на доближување и промоција на здравиот начин на исхрана за спортистите и љубителите на спортот.

Beach Run 2016 е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје во соработка со локалните самоуправи и со поддршка од Најки, Форд, Горска, Пакомак, Swiss Contact и Антена5 Радио.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија