Донирај за Тетово, помогни на Шара

Во понеделникот Тетово и неколку тетовски села беа зафатени со голема природна катастрофа откако страшно невреме на Шара направи огромна материјална штета но и одзема животи на повеќе лица. Акциите за собирање на хуманитарна помош се веќе во тек, ваше е да се приклучите. 

 

Најсилно погоден беше регионот на тетовските села Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица но поплавите го зафатија и самото Тетово како и викенд населбата Попова Шапка.

Линиите и сметките за хуманитарна помош од страна на Црвенот крст на Македонија за овие региони се веќе отворени, а добредојдена е и помош во вид на вода за пиење, средства за хигиена (средства за дезинфекција), храна, ќебиња.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 08,00 до 16,00 часот (контакт тел: 3 096 227), до 15 август 2015 година.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

  • Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
  • Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Дополнително – тимот на Пробајк Скопје кој го организира спортскиот планински фестивал „Попова Шапка” кој треба да се одржи на крајот од овој месец, на 07.08. во петок организира акција со која ќе се помогне во расчистување на патот и ќе се даде помош на Попова Шапка која треба да биде домаќи на овој спортско-рекреативен настан. 

Секој што е слободен и што сака да се вклучи во акцијата може да се пријави во седиштето на Пробајк

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија