Дарио и Игор во првите десет на полумаратонот во Нови Сад

На ден 03 април 2016та во Нови Сад се одржа интернационален полумаратон на кој настапија околу 700 учесници од 20 држави. Македонскиот атлетски талент Дарио Ивановски од АК Работнички го освои 2-то место во генерален пласман со време од 1час 14мин , додека неговиот тренер Игор Јакимовски го освои 9-то место со резултат од 1час 19мин.

Дарио цели 14км беше во водство, меѓутоа најпознатиот триатлонец од Р.Србија Огнен Стојановиќ успеа да го победи во последните 7км. Следниот меѓународен настап на Дарио и Игор е на Белградскиот полумаратон кој ќе се одржи на 16април, а нивната цел е исто така пласман во топ 10.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија