Човекот што ја трча Гоби за своите студенти

Колку далеку би истрчале за своите ученици? Ако го прашувате овој Канаѓанец, преку целата пустина Гоби, чисто затоа што може ама и сакајќи да им докаже на помладите дека во животот, ништо не е невозможно.

Претходниот месец Реј Захаб, ултрамаратонец и основач на непрофитабилната организација Impossible2Possible заедно со уште еден човек, Кевин Лин и тим од 10 луѓе во позадина тргнаа да ја трчаат најголемата пустинска површина во Азија, Гоби.

И тие, приближно 2300 км., планира да ги помине за околу 35 дена доколку успее да го одржи темпото од 70 километри на ден. Експедицијата започна на 23 јуни, а останува да видиме како ќе трае нејзиниот прогрес со оглед на исклучително тешките услови во кои треба да трчаат ултрамаратонците.

Мисијата на организацијата позади која стои Реј е да се поттикне младината вклучена во неговото движење да посегне преку лимитот на нивните гледишта и да ја употреби авантурата како медиум за едукација, инспирација и позитивни промени.

Младинските амбасадори и сите други студенти кои се вклучени во организацијата имат можност да присуствуваат на најразлични авантуристички експедиции низ светот преку кои се стекнуваат со дополнителни знаења, а Реј преку неговите огромни подвизи служи само како дополнителен мотив.

Инаку, поранешниот пушач на кутија дневно, веќе ја има истрчано цела Сахара за 111 ден, преку замрзнатото Баикалското езеро, пустината Атакама, го држи рекордот за најбрз непомогнат трек до географскиот Јужен пол како и многу други високи подвизи.

Моментално Кевин се има откажано поради повреда, а Реј е се уште на терен и целиот негов прогрес го аплоудува тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија