Наслов

Бојан Петров - 8х8000

Бугарскиот хималаист Бојан Петров на 25 јули успеа да се искачи на Нанга Парбат, неговиот осми врв повисок од 8000 метри и е на сериозен чекор пред финализирање на Хималајската Круна. 

Фернан Латоре и Бојан Петров

Бојан Петров е бугарски високогоркси качувач кој цели да биде прв Бугарин кој ќе успее да се искачи на сите 14 хималајски врвови повисоки од 8000 метри над морето во неговиот проект „Бугарин кон 14х8000”. Со ова тој би станал и прв искачувач на таканаречената „Хималајска круна” од Балканот 

На 25 јули, тој, заедно со Фернан Латоре и Елиас Милеру успеаја од втор обид оваа година да се искачат на Нанга Парбат (8126 м), деветиот по височина во оваа категорија. Ова претставува осми врв повисок од 8000 метри во успесите на Бојан, но и трет оваа година откако во пролетниот период тој успеа да ги врзе и Макалу и Анапурна. 

Во претходните наврати тој ги искачи К2, Канченѕонга, Манаслу, Макалу, Анапурна, Гашербрум I и Броуд Пик, а следната цел е Гашербрум II. Покрај Гашербрум II на Бојан му остануваат уште Шишапангма, Даулагири I, Чо Оју, Лотце и Еверест. 

 

28 Јули 2016

За авторот