Информацијата е доставена од FIT UP OPEN AEROBIC

Наслов

БИТОЛА во знакот на активен и здрав животен стил

На 22 јуни, оваа недела, се одржа најмасовниот аеробик настан во Битола на отворено - Fit Up Open Aerobic во организација на Бимилк и Енерџи спорт аеробик клубот.

На исполнетото ракометното игралиште во Битола, под водство на професионални зумба и аеробик тренери, низ забава и музика, активно учествуваа над 400 граѓани и воедно исто толку го следеа настанот.

Во рекордни три часа, од 18 до 21 часот, беа изведувани вежби во различен ритам и во соодветни техники, како: Hi-low Aerobic, Aerobic Energy Mix, Zumba kids, Zumba и Tae Bo - вежби сочинети од танц движења и боречки спортови комбинирани во едноставни кореографии за подобрување на координацијата на телото, на аеробната издржливост и функционалните способности, како и за намалување на вишокот килограми. Истовремено во специјалното детско катче беа присутни и вежбаа најмладите учесници на настанот и тие исто како и повозрасните имаа можност да учествуваат, да се забавуваат и да добијат сет подароци од Бимилк.

Настанот е организиран со поддршка на новиот ФИТ кремаст јогурт на Бимилк, кој го содржи потребниот сооднос на протеини и јаглехидрати, потребни по секое вежбање.

„Ова е најмасовниот аеробик настан досега во Македонија, на отворено. Во позитивна и забавна атмосфера каде што физичката активност е главен приоритет, сакаме да ги поттикнеме и охрабриме сите граѓани кон редовно вежбање и подобрување на нивната физичка и психичка подготвеност. Во таа насока би ја истакнала поддршката на Бимилк, кој покрај организацијата на настанот, обезбеди сет подароци за учесниците и по три бесплатни термини во аеробик клубот Енерџи спорт за оние кои го донесоа картонскиот дел од амбалажата на новиот ФИТ кремаст јогурт" – изјави Христина Ристoвска, професор по физичка култура и тренер во Енерџи спорт аеробик клубот – Битола.

„FIT UP OPEN AEROBIC" се подготвува да продолжи во Скопје и во другите градови низ Македонија.

23 Јуни 2014

За авторот