мај 2009 / 2019

Наслов

10 години од искачувањето на Монт Еверест, презентација на Кедев „На врвот на светот и потоа“

По повод 10-те години од искачувањето на Монт Еверест, на 28 мај во малата сала на Македонската филхармонија, ќе одржи презентација на Сашко Кедев насловена „На врвот на светот и потоа".

Сашко Кедев е третиот Македонец што, пред 10 години, на 19 мај 2009 година, го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри). Кедев е и единствениот Македонец што ги има искачено највисоките врвови на сите седум континенти за што во 2013 година имаше посебна презентација со наслов ИНТРОСПЕКТИВА НА 7-ТЕ СВЕТСКИ ВРВОВИ која се одржа во музејот на Mакедонската Борба во Скопје. 

„Сите сакаме да ја најдеме вистината. Патот до вистината е долг, неизвесен и полн со ризици, без кратенки. Но на крајот кога ќе ја најдеме, разбираме дека не можеме да го избегнеме страдањето", вели Кедев.

Пред Кедев, на Монт Еверест го искачија Димитар Илиевски-Мурато во 1989 и Глигор Делев во 2007 година.

Презентацијата ќе се одржи на 28.05.2019 со почеток во 19 часто во Македонската филхармонија. 

28 Мај 2019

За авторот