Тестирано од Гризли

Гризли да ви покаже зошто не сакате да бидете начекани од гладна мечка додека сте удобно сместени во шаторот заедно со вашата вкусна храна… 

 

На погорното видео ќе погледнете едно несекојдневно тестирање на издржливоста на одредени канти, контејнери, фрижидерчиња за кампување и кутии за чување на храна кои се ставаат под „инспекција” на неколку гладни гризли мечки во посебниот центар за гризли мечки во Јелоустоун, Монтана.

 

Проблемот настанува кога мечките ќе дојдат до извор на „човечка” храна, најчесто во одредени населени места близу до националните паркови, после што мечката се учи да бара храна во околните канти и контејнери. Овие мечки стануваат зависни од ваква храна и стануваат голема опасност по населението, па затоа и главната цел на овој проект е да се добие сертификат „отпорен на гризли” на сите канти и контејнери кои се користат во овие региони.

Паралелно, ова може да послужи и за една поинаква едукација.

Во овие делови на светот каде популацијата на гризли мечки е голема, планинарењето и кампувањето во природа секогаш мора да биде проследено со соодветно пакување и закачување на храната вон дофат од мечки. Затоа, во некои национални паркови и делови на САД и Канада неопходно е со вас да имате специјални торби или канистри („отпорни на мечки”) во кои ја затвората вашата залиха на храна и ја закачувате вон дофат на мечки, секако, надвор од вашиот шатор.

Подоле ви пуштаме видео за оваа тематика.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија