Наслов

Планетата Земја ја губи својата флора и фауна

Загадувањето предизвикано од човекот, неговото однесување и менувањето на климатските услови како последица на истите полека но сигурно го менуваат ликот на планетата.

Заклучокот во глобалното истражување, спроведено од страна на The Royal Botanic Gardens и Универзитетот во Стокхолм, гласи дека во последните 250 години вкупно 571 различни видови на растенија исчезнале односно веќе не постојат како такви.

Ваквата стапка на исчезнување е речиси двојно поголема од бројот на исчезнати видови на животни (птици, цицачи...) и истата е 500 пати побрза од она што би било вообичаена брзина на исчезнување на растенијата по природен пат. Во споредба со ова, стапката на исчезнување кај животинскиот свет е 1000 побрза од нормалното и сето тоа како последица на човекот и неговото однесување.

Истражувачите велат дека за разлика од животинскиот свет за кој сите знаеме барем еден вид кој веќе не постои, растителниот е ставен во втор план и не ни е доволно познат. Од друга страна токму тој е одговорен за производството на кислород на целата планета и ваквата информација е нешто што ги засегнува сите видови. Односно како што тие велат: Животот на милиони други видови зависи од постењето на растенијата, вклучувајќи го животот на човекот.

Најголема стапка на исчезнување на одредени растенија имаат островите со тропска и медитеранска клима кое се должи на човечките постапки и на снемување на живеалишта за одредени други животински видови кои се наоѓаат во мал простор.

Надеж внесува информацијата дека 430 различни растенија за кои до скоро се сметаше дека веќе не постојат сепак се одново откриени но дури 90% од нив имаат висок ризок од повторно исчезнување. Во мај годинава во извештај на комитет при ООН било заклучено дека од вкупно осум милиони видови на планетата Земја, дури еден милион имаат висок степен на загрозеност за исчезнување.

12 Јуни 2019

За авторот