Ајде Македонијо - крени се веќе еднаш на бунт против отпадот

Да не дозволиме Македонија да прерасне во депонија

Ако ви здодеа (а реално треба да ви е здодеано) од ниското ниво на хигиена, еко-култура и купиштата ѓубре во одредени делови од нашата мала држава тогаш редно време е да бунтуваме. Приклучете се во акцијата за чистење на илегалните отпади ширум Македонија и кажете „НЕ” за отпадот. 

АјдеМакедонија како дел од глобалното движење „Let’s Do It! World” организира чистење на голем дел (над 300) од веќе мапираните нелегални отпади ширум државава, од градовите и урбаните места до руралните подрачја кои често се мета за дивите депонии. 

Чистењето е отворено за секој што сака да волонтира и да допринесе за чистотата во која ние живееме. Настанот е закажан да започне на 3ти октомври во 11 часот и ќе трае до 14 часот, ќе се одвива на ниво на 60 општини во Македонија, а централниот настан ќе биде во општина Ѓорче Петров, кај Европската очна болница на крајот на ул.Христо Батанџиев (поран.Социјалистичка Зора). 

Секој што е заинтересиран за учество може да дознае повеќе информации ТУКА и на официјалниот сајт на АјдеМакедонија каде може и да се најдат досегашните мапирани депонии во државата.  

А организаторот го порачува следново:

Остануваат уште само два дена до големата национална акција на Ајде Македонија за чистење на нелегалниот отпад.

Сакаме ли да ја видиме нашата природа чиста и да биде нешто со што ќе се гордееме? Не дозволувајте да го пропуштите овој настан и други да ви раскажуваат како ја превзеле одговорноста за сопствената иднина, за разлика од вас.

Споделете со вашите најблиски, пријатели, колеги, познаници. Нека секој се вклучи во оваа акција за чистење на отпадот и да ја исчистиме нашата земја заедно!
Превземи одговорност, сподели и биди дел од 3ти октомври и прогласувањето ‪#‎БунтПротивОтпадот‬

Save the date: 3ти октомври 2015г

Од нас зависи!!!
‪#‎АјдеМакедонија‬ ‪#‎LetsDoItMacedonia‬

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија