Гласајте за karas4training на „Сајт на годината 2016”
Трета година по ред учествуваме манифестацијата „Сајт на годината”, а досега вашите гласови не нè разочарале. Премногу ни значи вашето признание дека правиме нешто позитивно и корисно со цело срце и енергија. Тоа е огромен поттик за нас да продолжиме со работата како единствен сајт во Македонија што обединува здрави категории со блог и социјална мрежа.
Гласањето за манифестацијата „Сајт на годината 2016″ веќе започна и ќе трае до 9.12.2016 година. До тогаш ќе можете да ни дадете поддршка и признание што најмногу ни значи. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.
Линк за гласање ТУКА.
Секоја година освојуваме по некоја награда, а овој пат повторно сме во игра во следните категории:
1. Најдобар Сајт за 2016 година
2. Најдобар дизајн
3. Забава
4. Спорт
5. Најдобар блог
6. Храна и Здравје