„Карма” имаше лоша карма

По само две недели во официјална проджаба, компанијата ГоПро која се смета за еден од светските лидери во производство на спортски камери пушти барање за повлекување на сите продадени нови „Карма” дронови поради можен дефект при летање. 

Долгоочекуваниот Карма дрон кој оди во пакет со новата ГоПро 5 камера одлично спакувани и испромовирани пред секогаш гладната публика започна да се продава на 23 октомври, но само по неколку недели т.е. на 08.11.2016, ГоПро преку нивниот официјален сајт пушти допис за повлекување на сите купени дронови поради можен дефект во дронот. 

Во дописот пишува дека компанијата релативно касно дошла до сознание дека во мал број од случаевите Карма дроновите имаат можност за губење на напојувањето во текот на лет и затоа се препорачува сите (приближно) 2500 продадени дронови да се вратат во на одредените локации од компанијата. На сопствениците ќе биде целосно рефундирана паричната надомест, но ќе мора да почекаат до следното пуштање во оптег на поправените единици. 

Дронот Карма оваа година беше најновата иновација на компанијата и истиот беше промовиран заедно со новата ГоПро 5 камера и рачен стабилизатор. Пакетот од овие три работи се прода за приближно 800 долари во САД. 

ТУКА може да погледнете еден осврт на овој пакет. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија