50000 натпреварувачи + 7 наши на Њујорк Сити Маратон 2016
Во гужвата од околу 50000+ натпреварувачи на Њујорк Сити Маратон 2016 настапија и овие седуммина Македонци.
На еден од најпознатите и најеминентните маратонски зданија во САД па и во светски рамки – Њујоршкиот маратон, оваа година учество земаа 7 наши тркачи кои се смешаа во 50 илјадната гужва низ улиците и авените на Њујорк.
Маратонот во Њујорк се одржува секоја година од 1970 па наваму (со исклучок во 2012 кога беше откажан поради ураган) и истиот е еден од најпосетените спортски настани во светот со вкупно финиширани 1,074,392 во сите негови изданија.
Оваа година, честа за учество и уживање на ова спортско здание од Македонија беа Атанас Наумов – 3:25:03, Баже Цоневски – 3:35:27, Елисавета Нојковска – 3:49:22, Ангел Арнаудов – 4:24:38, Петар Георгиевски – Камиказа – 5:02:21, Александар Аневски – 5:13:35 и Драгана Чифлиганец – 5:17:22. Нашите претставници учествуваа на маратонската трка и истата ја завршија во погоре наведените временски резултати.
Честитки!