Јуфките што никогаш нема да ги пробате

Некаде во идиличните села на Сардинија се прави најретката тестенина на светот, и тоа го умеат само 3 жени од една иста фамилија…

Su filindeu (су филинде) на Сардо, јазик кој ден денес се зборува на територијата на Сардинија, а е најблизок жив облик на латинскиот јазик, во превод значи „нишките на Господ”. Паула Абриани (62) од малиот сардиниски град Нуоро, нејзината внука и снаа се единствените три жени во светот кои умеат да ја приготват оваа тестенина, а традицијата е во фамлијата веќе 300 години пренесувана од мајките на ќерките.

Пред некое време инжињерите од Барила ја посетиле куќата на Паула со надеж дека ќе успејат да најдат механизиран начин за производство на su filindeu, секако без успех. Исто така и Џејми Оливер се обиде во една своја епизода да ја научи техниката, секако без успех.

Сепак Паула воопшто не се обидува да го сочува рецептот или како што таа објаснува тајната е всушнот во нејзите раце. Рецептот е многу едноставен, семолина брашно, вода и сол, меѓутоа маѓијата доаѓа од зглобовите и начинот на месење, вештина што тешко се совладува. На крај Паула го растрга тестото и прави 256 тенки нишки кои ги распостила преку дрвена кружна даска во три наизменични слоеви. Вака пастата се суши на сонце. 

Su filindeu се послужува ексклузивно на аџиите кои поминуваат 33 километри од Нуоро до селото Лула за празникот на Сан Франческо кој се одржува двапати годишно, во мај и во октомври, па Паула во тој период има полни раце работа за да подготви 50 килограми од „нишките на Господ”. 

Оваа тестенина се најде на листата на Арката на вкусови, проект кој ги обединува и презервира најзагрозените кулинарски традиции. Бидејќи су филинде умеат да го направат само три вешти жени, Паула се обидува да отвори школа или на било кој начин да го пренесе на другите во нејзиниот роден град, сепак во глобала сите се обесхрабруваат кога ќе видат колку е тешко за правење.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија