Погрешно сфатената јога

Јогата е традиционална источна дисциплина која нуди бројни здравствени придобивки, без оглед на возраста и фитнес нивото. Овој систем кој вклучува голем број на специфични пози за зајакнување на речиси сите делови на телото, позитивно влијае врз флексибилноста и цврстината, носејќи ги притоа телото и умот состојба на мир. Сепак, многу луѓе се во заблуда во врска со конвенционалната јога пракса. Ајде да разјасниме некои од нив:

За јога треба флексибилност

Често пати, луѓето гледајќи ги тешките јога пози, мислат дека јогата не е за нив бидејќи истата поздразбира голема флексибилност. Секоја поза во јогата постои за да го подобри човековото здравје во одреден дел. Ако за време на изведувањето на било која од нив почуствувате дека не сте доволно флексибилен, тоа значи дека јогата е идеална токму за вас. Флексибилноста во јогата не е нешто што е предуслов. Напротив, флексибилноста е само уште една придобивка од редовното практикување јога.

Јогата е лесна

Првата заблуда во врска со јогата е дека таа е лесна. Иако на прв поглед изгледа како едноставна и лесна вежба, јогата подразбира поседување на специфична сила и издржливост. За време на една јога пракса, вашето тело треба да издржи серија од пози на долг временски период. За да го постигнете ова на вашето тело му е потребна сериозна координација, сила и баланс.

Јогата е за дами

Деликатните и спори јога движења мажите ги доживуваат како нешто што повеќе им прилега на дамите. Овој стереотип произлегува од гледањето на јогата како не доволно “машки спорт”. Вистината е сосема поинаква. Иако важи за исклучително лесно сфатлива, сепак, јогата на физичко и ментално ниво е предизвикувачка како и било која друга дисциплина. Посебниот пристап кој за истата е потребен како и постојаната можност за надградување, ќе ги стават на тест сите, без разлика на нивното фитнес ниво.

Јогата е релиогиозна

Јогата НЕ е релиогиозна вежба. Иако честопати за време на изведувањето на еден јога час може да се чујат звуци на источните религии, сепак јогата не е директно позврзана со ниту една од нив. Јогата е цивилизациска придобивка на светот која во ниту еден аспект не се судира со религиските определби на човекот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија