Дунав Ултра 3 – спуштен под 48 часа

Бугарските ентузијасти за долги и напорни велосипедски возења успеаја да ги изминат 682-те километри на Дунав Ултра за помалку од два дена. Оваа година предизвикот беше исполнет со комбинација од трчање и велосипед. 

Оваа година Дунав Ултра беше составен од четворица спортски ентузијасти Илијан Лазаров, Филип Лхамсурен, Станислав Евгениев и Борис Бегмов кои ја имаа зацртано истата дистанца како и досега – од видинското село Куделин до Дуранкулак во должина од 682 километри. Разликата беше во тоа што првите 42 километри (маратон) беа зацртани да бидат поминати со трчање, а останатите со возење друмски велосипед. Од екипата беше потребно да заврши барем еден, за предизвикот да биде исполнет. Екипата успеа. 

Тие тргнаа на 20 август во 6 часот и 10 минути од селото Куделин а на 22, нешто пред 6 часот наутро успеаја да бидат кај таблата на Дуранкулак со што го изминаа скоро целата северна граница на Бугарија т.е. течението на реката Дунав до Дуранкулак, месност која се наоѓа непосредно до Црното Море. 

Идејата за овој поход е на Борис Бегмов, маркетинг-претприемач од Софија кој до 2010 година води екстремно нездрав начин на живот. Оттогаш, тој решава да се префрли на целосно здрава исхрана, спорт и лајфстајл, а Дунав Ултра е едно од неговите занимации преку летото. 

Минатата година на Дунав Ултра 2, момците успеаја да ја поминат дистанцата со велосипед но во една брзина за рекордни 44 часа. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија