Градно пливање – Сила, Моќ, Издржливост

Градното пливање (или во секојдневен жаргон – женско пливање) е една од четирите пливачки дисциплини. Во споредба со останатите три (слободно, грбно и пепрутка), оваа е убедливо најспора техника, нешто што дефинитивно не ја прави помалку добра и корисна.

Градниот стил може да биде неверојатно лесен или компликуван, зависно од нивото и целта. Било дали сте почетник или пливач, ваквата техника треба да биде вашиот прв избор во пливањето. Еве зошто:

Одлична за почетници:

Повеќето од пливачките тренер ја одбираат градната техника како прва на која ги учат своите ученици, бидејќи за време на ваквиот стил главата останува над водата во половина од времето. Како резултат на тоа пливачот има точна претстава каде се наоѓа во базенот што самото учење на пливачките техники го прави помалку стресно. Многу од почетниците знаат да се “изгубат” во базенот и да добијат напад на паника. Рекреативниот стил пак на градното пливање (женското пливање) е убедливо најдобра варијанта за да се направат првите чекори во пливањето и секако пат кон подобра Градна техника.

Енергетски економично:

Пливачите го избираат градното пливање секогаш кога е во прашање пливање на подолги дистанци. Тоа е така заради значително помалата потршувачка на енергија за разлика од другите стилови, но и заради тоа што во пливачкиот циклус, фазата на опоравување е подолга. Односно за разлика од другите стилови кои имаат непрекината активност на раце и нозе, Градната техника има фаза на одмор.

Вежба за целото тело:

При градното пливање се користат многу различни делови од вашето тело што како краен епилог има зголемување на силата, моќта и издржливоста. Кружното движење со рацете ги развива вашите рамена и грб, додека пак движењето со нозете, кое потсетува на она кај жабите, ги завива вашите глутеуси и квадрицепси. Градното пливање исто така ја зголемува флексибилност и еластичноста како и цврстината на централните мускули на трупот.

Доколку сакате да работите на вашата техника, погледнете го видеото за да добиете претстава за беспрекорна Градна техника:

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија