Второ издание на „небесната” трка на Шар Планина

Дали сте спремни за второто издание на „Шарпланински Скајрејс” кое оваа година ќе се одржи во обратен правец стартувајќи од Старо Село во подножјето на Љуботен, а завршува во Штрпце, Косово.

Шарпланински Скајрејс претставува трка во планинско трчање кој спаѓа во танакаречениот Скајрејс формат според Интернационалната Скајранинг Федерација. Тука спаѓаат сите планински натпреварувања кои се подолги од 20 километри, а пократки од 30км, се одвиваат на висини повеќе од 2000 метри надморска висина и во целокупната содржина имаат делници кои се пострмни од 30%. Во превод, тоа се навистина екстремни и тешки натпреварувачки формати за кои е потребна одлична психо-физичка припрема.

Оваа година на 13.08.2016 по втор пат на наше поднебје ќе се одржи Шарпланинскиот Скајрејс во организација на српската Скајранинг Лига, ТREX Македонија и Бели Вук од Штрпце. Трката е од прекуграничен карактер т.е. се започнува од Македонија а финишот е во Косово со што секоја наредна година овој правец ќе се менува.

Минатат година на првото издание на трката македонските натпреварувачи имаа одлични резултати во натпреварувањето, а Марјан Бонев го зеде првото место во целокупна конкуренциjа со време од 4:30.

Оваа година трката ќе биде во должина од 32,5 километри и истата ќе има вкупна висинска разлика од 2650 D+/-. Стартот е во 8 часот од Старо Село, се качува до планинарскиот дом Љуботен, врвот Љуботен потоа се оди под сртот на Шара се до Ливадички врв и Пирибрег, а оттаму следи спуст до Брезовица и Штрпце.

За сите заинтересирани ова е потсетување дека рокот за пријавување трае до 20.07.2016, а котизацијата изнесува 12,5 евра. Пријавувањето оди ТУКА, a како стимулација прочитајте го текстот – Шарпланински скајрејс – Сеќавање на неговата бруталност

Сите други информации ќе ги најдете на официјалниот веб сајт.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија