Дивината повикува – Мариово 2016
„И ние минатата година бевме”, а и оваа ќе одиме. Затоа што е супер, затоа што е природа, трева, ластовички, река, музика, скара, дружба, село, историја, мириси, вкусови, погледи и многу повеќе…
Веќе трета година за ред (претходните две може да ги ѕирнете тука) последниот викенд во мај ни е резервиран за одличен, првично велосипедски настан, а потоа и се останато викенд кој се случува на отворено и во прекрасна пролетно опкружување и природа во регионот на Мариово.
Mariovo Offroad Experience и овојпат ве кани на одлична и уникатна дружба под отворено небо во кампот во селото Манастир откаде ќе циркулираат сите останати активности како три велосипедски тури, планинарење од Манастир до селото Зовиќ и познатиот мост на Градешка река, Бубало фитнес на отворено, планинско трчање по околните ридови и планини, вртење скара, уживање во природата и многу многу позитивна енергија.
Картите се веќе одамна отидени (ама имаме инсајдерско инфо дека има уште), шаторите, вреќите и комбинациите за кој да земе решетка за скара, а кој некое пивце се коваат, а во село Манастир се гледаме уште во сабота рано сабајле (може и петок).
Ако ви треба нешто поконкретно да се убедите дека треба да дојдете, ѕирнете го погорното наше видео од лани…