„Карпата” да те научи на дисциплина

Ако сте се фатиле во ситуација како се мамите сами себе за некоја тазе и позитивна промена (вежбање, одење во природа, баталување на хамбургерот и слично) во вашиот живот, можеби треба да се синхронизирате со холивудската грамада Двејн Џонсон – Карпата па тој малку да ве подбере. 

Двејн Џонсон е веќе добро познат холивудски актер, борач и одличен мотиватор кога станува збор за здравиот и квалитетен начин на живот кој во својот најтазе проект искочи со мобилната апликација The Rock Clock – во превод часовникот на „Карпата”. 

Идејата не е ништо специјална и се работи за стандарден потсетник со аларм за вашите дневни обврски кој е интересно издизајниран и има за задача да ве мотивира и натера да го исполните она што претходно сте го зацртале. Арно ама, да беше само обичен потсетник немаше да биде интересно па затоа:

1. Овој нема опција за „Снуз” (одолговлекување на работите) 

2. Добиваш мотивациони видео пораки лично од „Карпата”.

3. Можеш да бираш 25 специјално направени тонови за алармот

4. Имаш опција Rock Time во која времето на твојот смартфон се синхронизира со времето на „Карпата” – т.е. ќе треба да стануваш кога тој станува (не сме сигурни дали е ова паметна идеја за наши корисници)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија