Џем со сланина
Спремно калорично макалце кое топло ви го препорачуваме како дел од вашето планинарско мени…

- 200 гр сланина
- 1/2 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 мали лажичиња темен шеќер
- 2 лажици јаболков оцет
- 2 лажици мед
- 1 лажиче мелено сушено чили
1. Кромидот се сецка на ситни коцки, а лукчето се толчи, па заедно се пропржуваат на масло.
2. Се додава ситно сецкана сланина и сите останати додадоци.
3. Откако лесно ќе карамелизира се трга од оган.
Може да се чува во фрижидер до 1 месец…