Топташ на Селечка
Во организација на прилепскиот клуб СкајРајдерс, викендот на 24.04.2016 на Селечка Планина се одржа трката во даунхил велосипедизам Топташ. Подоле имаме видео од Бојан Наунчевски и резултати од трката.
Како што беше нагласено од страна на организаторот, овој натпревар иако имаше натпреварувачки карактер најмногу беше организиран за дружба и ширење на овој спорт на територијата на Прилеп.