Пита со компир, зеленчук и јајца
Вкусна пита што лесно се подготвува, но и лесно ќе ве засити како комплетен оброк. Уживајте!
- 1кг компир
- 2 кромиди
2 мали тиквички - 10 јајца
- 4 големи лажици маслиново масло
- 500г урда
- 2 грста сецкани маслинки
- 1/2 лажица бибер
- 1 лажица кари
- (за 4-6 оброци)
Подготовка
1 Компирите, тиквичките и кромидот се лупат, се секаат на помали коцки и се ставаат во тава.
2 Се посолуваат малку, се премачкуваат со масло и се печат во рерна на 220 степени додека компирот не биде готов (околу 35-40 минути).
3 Во подлабок сад се ставаат јајцата се матат убаво, а потоа се додава урдата и маслинките.
4 Заедно се мешаат за да се добие похомогена смеса и се посолуваат по желба.
5 Кога компирот ќе биде спремен, тавата се вади и во неа се додава смесата со јајце.
6 Се пече уште 10-тина минути додека не се испече убаво и јајцето.