К’цана сол
По дефиниција к’цаната (мелена, толчена, како сакате) сол е мешавина од миродии и билки со основа од пченкарно брашно, леблебија и сушени црвени приперки, толчена до ситен прав во аван. Многу градови и села си имаат свој рецепт кој добро се чува во тајност, но ние ќе бидеме јавни и ќе споделиме како ја направивме нашата…
- 50 грама пченкарно брашно
- 50 грама леблебија
- 1 лажичка чили во прав
- 1 лажичка сушена мајчина душица
- 1 лажичка чубрица
- 1 лажичка нане
- готварска сол по желба
1. Брашното, чили и леблебијата се мелат во мелница или се толчат во аван, а потоа се истураат во тавче со дебело дно и се запекуваат на рингла со постојано мешање, околку 5-6 минути.
2. Останатите состојки исто се мелат, а кога ќе е олади мешавината од брашно, се сè соединува и се додава сол по желба…
Одличен додаток за топло лепче со путер, а дополнително и одличен извор на минерали!