Вихрен - Северна стена

Бојан Митаноски и Александар Кирковски на Вихрен преку „Народна Армија”

На 07.02.2016 година двајца Mакедонци, Бојан Митаноски и Александар Кирковски, реализираа зимско алпинистичко искачување на северната стена на врвот Вихрен (2915 мнв).

Нивен избор беше една од класиките во стената, смерот „Народна Армија” со техничка тежина III+/IV+ и должина од 500 метри. Оваа рута е за првпат искачена на 22.08.1953 од страна на бугарските алпинисти Енчо Петков и Христо Борисов, а искачувањето во зима е значително позахтевно и покомплексно.

Условите во насоката не биле поволни, пред се поради малата количина на снег и неговата прашкаста состојба доволна да го отежне искачувањето и да ги покрие добар дел од клиновите. Во насоката влегле во 8 часот наутро, после тричасовен пристап до стената, а искачувањето траело вкупно 12 часа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија