Печено ароматично коковче
Коментар: ептен сочно, за вистински гурмани…
- 1 кокошка
- 1/2 кг моркови
- 10тина шампињони
- 3 главици црвен кромид
- 1 главица лук
- мајчина душица
- рузмарин
- путер
- масло
- 2 лимони
1. Се подготвува смеса од растопен путер, мајчина душица, рузмарин, сол, бибер и толчено лукче.
2. Оваа смеса претпазливо се става откако претходно со раце ќе се оддвои кожата околу стомакот на пилето.
3. Утробата се полни со кромид и лимон сецкани на четвртинки, гранчиња рузмарин и мајчина душичка
4. Се насолува и побиберува и се пече околку 40 минути, а потоа во тавата се додаваат и остатокот од кромидот, лимонот, морковите и шампињоните сецкани на крупно и се допекува.